Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Music & Audio
  2. Music Theory
Music

Во кој клуч треба да биде мојата песна?

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Дали некогаш сте се запрашале која е најдобрата скала за вашата песна? Од практичен аспект, вокалниот распон на вашиот пејач треба да ви е некаков репер. Но, која е најдобрата скала за гитаристот или басистот? Што друго треба да се земе предвид? Во ова упатство ќе ви помогнеме да ја одберете идеалната скала.

“Музиката може да го именува безименото и да го пренесе нераспознатливото“

- Леонард Бернштајн

Да започнеме со вокалот. На машкиот тенор, на пример, би му било идеално да пее во скали како Г-дур или А-дур, каде што теситурата би се наоѓала над средното Ц. Но, вашиот омилен женски вокал можеби преферира понизок регистар, како што е Д, па дури и Ц, ако таа е алт. Не би сакала нејзиниот глас да звучи “тенок“.

Од аспект на инструменталецот, и електричните, и акустичните гитари природно звучат добро во скали како што се Е, А и Д, бидејќи нивниот штим одговара на тој регистар. Од друга страна, кога се работи за Д, ниското Д би било прениско за басистот, ако тој свири 4 жичен бас, во кој случај тој би требал да се наштима пониско, или пак да купи 5 жичен бас.

Работите стануваат уште покомплицирани при аранжманот ако пак секциите за пијано или  гудачките инструменти звучат “предебело“ и го пребукираат целиот микс. Дали тогаш би требале одново да го напишете сето тоа или пак да го смените целото музичко парче во повисока скала?


Музика за расположение?

Дали треба и атмосферата во музиката да се земе предвид? Некои велат дека дурските клучеви секогаш звучат ведро а молските меланхолично, но дали е секогаш така? Дали би можело дурските клучеви да звучат и мрачно, понекогаш? Дали се одредени молски клучеви подраматични од другите сами по себе?

Дали знаевте дека ‘All You Need Is Love’ била првично напишана во Г-дур? Дали би била толкав хит ако била напишана во Ес? Дали Месечевата Соната на Бетовен би звучела исто во Б-мол како што сега звучи во Цис-мол?

Пред да погледнеме дали клучот може да влијае на ведрината или пак меланхолијата во песната, најпрвин треба да расчистиме со основната музичка теорија. Во оваа статија предлагам да ги погледнеме скалите, клучевите и тактовите и како се однесуваат едни со други, а во наредните 2 статии ќе зборуваме и за хармонската структура на една песна.


Систем на дијатонски скали

Најпрвин, малку историја на западната музика. Важно е да се напомене дека зборуваме само за западна музика. Има најразлични типови на музика низ светот кои не ја користат дијатонската скала, како што е арапската музика, која користи други скали, или пак индијската или тајландската традиционална музика.

Во 17-от век, некои клучеви имале страшни дисонанци бидејќи разликата меѓу фреквенцијата на тоновите била нееднаква. “Еднаквата“(дијатонска) скала го сменила сето тоа. Оттогаш, секој полустепен е на еднакво “растојание“ од соседниот, низ целата октава. Тоа дозволило свирење во било кој клуч без појава на дисонанци.

Бах маестрално го извел ова во пракса со епохалните 48 Прелудиуми и Фуги, кадешто композицијата била напишана во секој дурски и молски клуч. Повеќето пијанисти го имаат сретнато ова важно дело низ студиите.


Молски и дурски скали

Како што веројатно знаете, во секоја скала има 8 ноти, броејќи ја октавата. Но, ако ги вклучиме и полустепените тогаш имаме 12 ноти.

Ако за пример го земеме клучот Ц, имаме 3 начини да стигнеме од почетниот тон до октавниот, и тоа: преку дурската скала и 2 различни типа на молска скала. Тоа можете да го забележите во сликата подолу.

Во мелодискиот мол се застапени различни ноти кога одиме по скалата нагоре и надолу. Шестото и седмото стапало(тон) се повишени нагоре, а се снижени надолу. Хармонскиот мол пак, е ист во двата правци. Третото стапало пак е снижено, но впечатливиот белег е интервалот помеѓу сниженото шесто стапало и повишеното седмо.

All scales of C
Сите скали на C

Предзнаци

Повишувалката, снижувалката и разрешувалката под едно име се именувани како предзнаци. Повишувалката ја повишува нотата пред која е ставена за полустепен, снижувалката ја снижува за полустепен, а разрешувалката ја разрешува во оригиналниот тон.

Сите црни дирки(клавиши) на клавирот се или повишените или снижените тонови, зависно од скалата. На пример, Е-дур има 4 црни дирки во скалата, и тоа: Фис, Гис, Цис и Дис; Додека Бес-дур има 2 снижувалки – Бес и Ес.

Всушност, која и да е нотата(во случајов дирка на клавир), црна или бела, може да биде и снижена и повишена во релација со соседната. Клучот Фис-дур има 6 повишувалки, вклучувајќи ја Еис, која се свири како Ф, иако е “бела“.

F# major scale
F # големи размери

Забележете дека Дис и Ес се однесуваат на истата “црна“ нота на клавир во било која октава. Пред дијатонската скала ова не би се случувало. Подеднакво распределената дијатонска скала всушност е хармонски компромис. Замислете како би изгледало пијаното со клавиш за секој посебен тон!


Клучни потписи

Кои се клучните потписи тогаш? Тие се само средство за стенографија што можете да го користите на почетокот на вашето парче до знакот за чизми.

На пример, ако сте во клучот на G, знаете дека веројатно секој F средба, всушност, ќе биде изостри на F #; па зошто да не се создаде стенографија што ви го кажува тоа на почетокот од делото? Тогаш нема да морате да го напишете остриот знак секогаш кога има Ф.

Како што било кој музички студент ќе ви каже, тоа се многу белешки коишто треба да ги паметам за да ги променам ако се обидувате да свирите некое дело на испит!

Еве листа на сите клучни потписи. Имајте на ум дека секој може да има големи или помали размери.

All key signatures
Сите клучни потписи

Како звучат скалите?

Како што рековме, дурските скали обично звучат среќно и позитивно, но има тврдења дека одредени дурски скали, како Дес или Ас , можат да звучат “помрачно“ од дурските скали кои имаат помалку повишувања и снижувања. Низ годините се изразени најразлични ставови во врска со ова.

Еве некои од нив.

Key descriptions

Целата оваа проблематика е многу субјективна, па не би се изненадил ако не се сложите со нешто во табелава. Сепак, барем за мене, откако се земе предвид практичниот аспект на инструментот и вокалниот распон, расположението и атмосферата на една скала претставува додатен фактор.

На пример, ако песната ви е во дурска скала, но сакате да предизвикате атмосфера што ќе го замисли слушателот, би било добро да е во понизок регистар, посебно ако пејачот звучи “помрачно“ како резултат на тоа.

Песната “Moon River” од Breakfast at Tiffany’s е одличен пример за ова.


YouTube извадок од песната ‘Moon River’

Молските скали очигледно даваат голем спектар на емоции и драма. За ова нема подобар пример од темата во филмот “Schindler’s List”, изведена од Ичак Перлман, еден од најреномираните виолинисти на неговата генерација.

Забележете ја надолната линија на мелодијата, која низ неколку сродни скали завршува непогрешливо на Д-мол.


Видеоклип од YouTube од ‘Schindler’s List’

Заклучок

Оваа статија е прва од неколку и во понатамошните имам за цел да погледнеме подетално во музичката теорија и како можеме да ја искористиме за композиција на одлични песни! Во наредните 2 статии ќе ја подискутираме музичката хармонија.

Како се изведуваат примарните акорди, I, IV и V од дурски и молски скали? Ќе дознаеме како се поврзани едни со други и како се користат секундарни акорди во склад со примарните за изведување на една хармонска мрежа која би можела да помогне во пишувањето на одлични мелодии.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.